Студентите разговараа за вработување и стажирање на саем на кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово
На Универзитетот на Југоисточна Европа студентите денеска имаа можност да се сретнат со претставници на компании, институции и организации со цел да разговараат за можностите за вработување или стажирање во рамки на 14-от по ред Саем на кариера.
Присуствуваа 84 фирми, банки, институции и невладини организации кои пред студентите ја презентираа нивната работа како и можносите за соработка.
– Мораме да го следиме гласот на работодавачите и заедно со вакви средби како Саемот ние се обидуваме да ја приближиме понудата на образовани луѓе кон побарувачката на професионален кадар што им е потребен на компаниите. Ние ги следиме нашите студенти преку „Алумни Центар“ и можам да кажам дека од 60 до 65 отсто од дипломираните се вработуваат уште во првата година по завршувањето на образованието-истакна ректорот на УЈИЕ, Абдулменаџ Беџети.
За да може да одговори Универзитетот на барањата на равотодавците и следејќи ги трендовите во економијата од наредната академска година воведува студиска програма „Претриемништво“.
– Веќе 14 години ги градиме мостовите со бизнис заедницата и тоа е неминовно. Со компаниите се договораме кои специфични програми да ги воведуваме. Така е и во примерот со програмата „Претприемништво“ за наредната година, имаме 50 стипендии од една компанија. Тоа ќе биде регионална програма на англиски во која ќе бидат вклучени и земјите од регионот, рече Беџети.
Пред студентите за важноста на Саемот зборуваше и Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.
– Ние иницираме освен саеми и трибини со цел да бидеме во тренд на поврзување на бизнисите и образовните институции, рече Хоџа.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање