Студено време и врнежи од снег, пообилни во западните делови од земјава
Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег. Наместа, особено во западните делови од земјата, тие ќе бидат обилни, локално над 40 литри на квадратен метар. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми, локално и над 50 сантиметри.
- Позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер, ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 0 степени.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб до умерен северен ветер.
- Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе има услови за провејување на слаб снег. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула, информира УХМР.
Ново на Сител
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството