Стружанец нелегално приклучил струја во дел од станбен комплекс
Педесет и две годишен жител на струшкото село Калишта доби кривична пријава поради кражба на електрична енергија во станбена зграда.
СВР Охрид денеска соопшти дека ОВР Струга поднело кривична пријава против Е.Е.(52) од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Тој, како работник задолжен за одржување на колективна стамбена зграда во Струга, извршил бесправно приклучување на дел од електричната инсталација во станбениот комплекс, на електрично броило сопственост на деловен објект лоциран во зградата, појасни портпаролот Стефан Димоски.
Изминатиот период во струшко, полицијата санкционирала неколку случаи на нелегално бесправна кражба на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници