Македонија
26. November 2015 - 15:12

Струшката полиција доби кривична од општината за хаосот во градот

Општина Струга поднесе кривична пријава против одделението за внатрешни работи – Струга за, како што велат, урбаниот хаос во градот.

- Констатирајќи го урбаниот хаос, општина Струга неколку пати писмено и се обрати на ОВР-Струга за преземање мерки за редот во сообраќајот. Но, барањата не се земени предвид од нивна страна. Општина Струга одлучи да поднесе кривична пријава до ОВР-Струга, односно до раководителот на сообраќај со обвинувањето за злоупотреба на службената положба, соопшти општинската прес-служба.

Според општината, полицијата не интервенирала во неколку делови од градот, каде имало паркирани возила на забранети места, возење во забранета насока и слично.