Струмичкиот театар одбележа 70 години постоење
Со промоција на монографијата „Сцена, светлини“ од Ацо Гогов, изложби на фотографии и костими од театарски претстави одиграни во изминатите 70 години и доделување на плакети и благодарници, синоќа беше одбележана седумдесетгодишнината од постоењето на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.
Со кратко видео и колаж од фотографии накусо беше прикажана седумдесет годишнината историја на струмичкиот театар.
На пензионираната актерка Тинка Ристевска и беше врачено специјално признание за полувековниот непрекинат настап на театарската сцена.
– Од седумдесетте години на нашиот театар мои 50 се вложени во театарот. Активно 35 години, но формално само заминав во пензија во 2005 година , но и оттогаш постојано играм. Никогаш нема да го заборавам ноември 1969 година кога дојдов и почнав со улогата на Донка во „Бегалка“, а годинава завршив со Аманда во „Стаклена менажерија“, рече актерката Ристевска.
Инаку, струмичкиот театар е формиран на 1 мај 1949 година и досега се подготвени вкупно 393 премиери, одиграни се 4.938 претстави, а присуствувале вкупно еден милион 303 илјади и 442 гледачи.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза