Македонија
23. November 2023 - 19:47

Струмица започна со мерење на квалитетот на воздухот во затворен простор

Струмица започна со мерење на квалитетот на воздухот во затворен простор. Мониторингот  е  дел од проектот ,,Спарување со загадувањето на воздухот,, и треба да даде   одговор на прашањaта каков воздух дишат струмичани во затворени простории и  дали внатре исто како и надвор има висока концентрација на штетните материи. Мерењата започнаа пред десетина дена и се реализираат во една градинка и едно основно училиште. За реализацијата се користи најсовремена опрема и методологија која треба да помогне во идентификацијата и на изворите на загадувањето.

Добиените резултати од мониторингот ќе бидат основа за креирање на  идниот  сет мерки за справување со загаденоста на воздухот. За спроведувње на мерките е планиран буџет од 20 милиони денари од кои една половина ја обезбедува УНДП, а другата општината.

Општина Струмица, мониторингот  го реализира со финансиска поддршка на Шведската влада преку агенцијата за меѓународна развојна  соработка  Сида  и УНДП . Партнер во проект е министерството за животна средина и просторно планирање.