Македонија
26. February 2024 - 16:43

Струмица оддаде почит на претседателот Борис Трајковски

Струмица ја одбележа 20 годишнината од смртта на загинатиот претседател Борис Трајковски. И по две децении  во неговиот роден град сеќавањата и спомените за него остануваат свежи. Со измешани чувства на тага што го нема, но и гордост што го познаваме струмичани денеска се поклонија пред споменикот Македонија поставен во негова чест и му оддадоа почит. Велат ќе го паметат пред се како голем човек и хуманист.

Во чест на Трајковски свежо цвеќе пред неговиот споменик во Струмица денеска положија членови на неговото семејство, голем број граѓани, претставници од владата, локалната самоуправа, политичките партии  и граѓански здруженија. За животот и делото на Трајковски зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов.

Традиционално, во рамки на чествувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и годинава во градскиот парк засади дрвце за сеќавање.