Свет
21. October 2019 - 11:04

Страшно торнадо го опустоши Далас: Силната бура корнеше дрвја, градот остана во мрак

Торнадо и силни грмежи минатата недела поминаа низ подрачјето на Далас, при што се уништени многу станбени и деловни објекти при што десетици илјади луѓе останаа без струја.

Силната бура, која вклучуваше и ветер од 110 километри на час, обилни дождови, грмежи и град, во неделата остави без струја 65.000 луше, пренесува Онкор, најголемото државно комунално претпријатие.

„Материјалната штета е голема во подрачјето низ кое помина торнадото“, објави Онкор на Твитер.

Градот Далас соопшти дека моментално немаат информации за смртни случаи или серозни повреди, но истакнаа и дека први кои реагирале во текот на ноќта биле градските службениците кои оделе од врата на врата и ги проверувале граѓаните.

„Полициската управ на Далас и пожарникарите ги проценуваат оштетените структури и тоа ќе го прават и во текот на ноќта“, стои во соопштението за јавност.

Нешто по 21 часот во неделата, пожарникарско - спасувачката служба во Далас потврди дека бурата се формирала на околу 3 километри северно од аеродромот во Далас Лав Филд и дека се движи кон исток.

Националната метеоролошка служба во Форт Ворд торнадото го означи опасно по живот, пишува Вашингтон пост.