-->
-->
Страшна вистината за пармезанот: Кога ќе го слушнете ова, ќе ви се смачи животот!
-->
Многу прозиводители на храна ставаат различни состојки при изработка на нивните прозиводи и така не доведуваат до прашање колку навистина е здраво она што го јадеме. Инспекциите во сите земји го имаат истиот проблем со производителите на храна и нивните измами. Во САД моментално е актуелна аферата „пармезан“.
Експертите од американската Администрација за храна и лекови FDA пред три години, без најава ја посетиле фабриката за сирење „Castle Cheese Inc“ во руралниот дел на Пенсилванија и откриле дека под 100 % пармезан се продава се и сешто. Ќесите обично се исполнети со обично сирење или струготини, кои се продаваат во прехранбената индустрија. Овој производ бил дистрибуиран во сите супермаркети низ земјата, пишува „Јутарни лист“.
Поради оваа измама, пред судот е повикан директорот на „Castle Cheese Inc“, кој треба да ја признае дека е виновен и да му се одреди казна затвор од една година и казна од околу 100.000 долари.
Американската новинска агенција „Blumberg njuz“ на независни експерти им дала да тестираат парчиња од пармезанот. Целулозата која е додаток во исхраната, кај овој производ е дозволена околу 2 до 4 %, додека кај сите овие примероци присуството на овој адитив бил над 8 %.
Познато е дека целулозата се добива од дрво.
Според извештајот на Агенцијата за храна и лекови, неколку брендови не користеле никаков пармезан во производството. Односно, ќесите ги полнеле со комбинација од евтино сирење, моцарела, чедар и целулоза.
Друго истражување во Мисури, покажало дека од вкупните 28 брендови, само една тренина произведувала тоа што го пишува на пакувањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно и постудено, до 14 степени
-
Дејан Митровски Урко за настапот на ЕП: Браво за целиот тим, задоволен сум од успехот, одиме понатаму!