Македонија
17. May 2017 - 13:47

Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија

 
Во 17 часот и 55 минути во СВР Куманово, 31-годишниот И.П. од населбата Јане Сандански пријавил дека истиот ден околу 17 часот и 50 минути  непознат сторител со возило „Фолксваген Поло“ со кумановски регистарски ознаки со многу голема брзина ќе прегазел дете. Тој видел што се случува и му викнал на детето, а во тој момент возачот со возилото наназад тргнал кон И.П. при што го удрил во пределот на стомакот, го турнал на земја и го притиснал со возилото до бетонска ограда.
 
Полицијата информира дека по несреќата возачот излегол од возилото, ги собрал скршените делови и избегал.
 
Во 19.00 часот во СВР Куманово дошол возачот на возилото, 27-годишниот Е.П. од населбата Јане Сандански и сам се пријавил. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.