Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
На дневен ред на седницата на Комисијата е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија во прво читање.
Како што се посочува на собраниската веб-страна, измените и дополнувањата на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија се резултат на потребата од усогласување на одредбите на овој закон со Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.36/23) во делот на Глава 19 „Кривични дела против половата слобода и половиот морал“.
- Направени се и измени кои се резултат на практичната примена на Законот и на потребата од надминување на проблемите кои се појавија при неговата досегашна примена. Имено, со овие измени се одредуваат институциите кои се непосредно одговорни за примената на законот и постапките во делот на доставување на потребните податоци кои треба да бидат внесени во Регистарот кој го води ЈУ Завод за социјални дејности. Истовремено направено е и усогласување со одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/24), се посочува во измените и дополнувањата на Законот.
Ново на Сител
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните
-
Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“
-
Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија