-->
-->
Страшна сообраќајка: Загинаа мајка, ќерка и баба, таткото е повреден
-->

Три лица меѓу кои и едно дете од две години, загинале во судир меѓу автомобил марка „Застава“ и „Фолксваген“ вчеравечер околу 22 часот во Сјеница. Во несреќата се повредени две лица.
Според неофицијални информации загинале Б.М. (26), две-годишната ќерка Л.Ш, како и бабата A.Ш. (50), додека A.Ш.(29) татко на девојчето бил тешко повреден.
- Четворицата биле во автомобилот „Застава“ кој го управувал А.Ш кој се движел од Нови Пазар кон Сјеница. во еден момент дошло до директен судир со другиот автомобил „Фолксваген“ кој го управувал А.К кој е полесно повреден, - изјавиле од полицијата во Нови Пазар за спрски Блиц.
А.К минал со полесни повреди и после укажаната помош бил задржан во полиција.
Возачот на „Заставата“ бил итно префрлен во болница во Ужице, а причините за оваа несреќа се уште не се познати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст