Македонија
14. May 2016 - 12:12

Страшна сообраќајка во Куманово: Излетале од патот и паднале во провалија

Страшна сообраќајка ја потресе Македонија. Најмалку тројца се повредени во несреќа кај железничката пруга во кумановското село Черкези, каде автомобил со тројца патници излетал од патот и паднал во провалија длабока 5 метри.

Како што пишува ТВ21, засега не се познати причините за тоа како дошло до несреќата, а на истото место и завчера се случила уште една сообраќајка во која било повредено едно лице.