-->
-->
Страшна сообраќајка утрово однесе уште еден млад живот
-->
Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.
Сообраќајната несреќа се случи утрово околу 2 часот и 30 минути во близина на зградата на судот во Гостивар, кога автомобил марка „голф“, со кој според првичните сознанија управувал 16-годишниот Б.А. удрил во мотоцикл управуван од 31-годишниот М.Б. Од ударот М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место. Возачот на голфот и неговите тројца сопатници, како и сопатникот на мотоциклот не се повредени.
Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, а нареди и анализи на крв и урина на сите учесници во сообраќајната несреќа. Исто така, со цел со сигурност да се потврди кој точно управувал со возилото и мотоциклот, надлежниот јавен обвинител нареди да бидат земени ДНК профили на сите учесници во сообраќајната несреќа, кои ќе бидат споредени со трагите пронајдени на лице место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжи седницата за избор на претседател на Уставниот суд
-
Поддржувачите на Трамп повикуваат на немири и насилна одмазда по пресудата
-
Македонската кик бокс маи таи репрезентација отпатува на Балканското првенство во Црна Гора
-
До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје - Гостивар
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје
-
20 годишно момче загина по удар од гром
-
Министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат за планот од 100 милијарди евра за воена помош за Украина
-
Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд