Страшна смрт: Унгарска старлета распарчена од месар
Страшното откритие на петок 13. во Нежидерското езеро во австриската покраина Градишче, ги шокирало и самите полицајци. Тие во популарното летувалиште пронашле распарчено женско тело. Поточно, прво биле пронајдени торзото и главата, а со понатамошно пребарување на езерото биле пронајдени и делови од раце и нозе.
Полицијата се сомнева дека посмртните останки и припаѓаат на истата личност и како што пишуваат унгарските медиуми, можно е телото да и припаѓа на исчезнатата 24-годишна старлета Фани. Полицијата соопштила дека идентитетот на личноста се уште не е познат, и дека се чекаат резултати од ДНК анализата.
Било соопштено и дека деловите од телото биле распарчени со некој остар предмет, бидејќи резовите на телото се правилни. Во меѓувреме, унгарската јавност почнала да претпоставува дека станува збор за унгарската ријалити ѕвезда Фани Новозански.
24-годишната Фани учествувала во шоуто Вало Вилаг, а последен пат била видена на роденденска забава со скара на 20. ноември во Будимпешта. Ако може да му се верува на анонимниот извор на една унгарска телевизиска станица, на таа забава се консумирало многу дрога.
Се појавиле и сомнежи дека телото на Фани го распарчил токму месарот кој го подготвувал месото за печење на споменатата забава. Месарот после тоа побегнал во Виена, што фрла дополнителен сомнеж.
Во прилог на таа претпоставка оди и начинот на кој девојката била исечена. Според начинот на кој биле пресечени рацете и нозете, јасно е дека биле отсечени на ист начин како што работат месарите со животните.
За неа се верувало дека работи како ескорт дама и еротски модел, па најпрво се мислело дека е киднапирана и одведена во бордел во Германија.
Според пишувањето на “Bors.hu”, полицијата наводно пронашла и снимка на која се гледа како претприемачот Ласло Б., за кој се верува дека е нејзин клиент, го напушта нејзиниот стан носејќи девојка во рацете. Тој бил приведен и признал дека онесвестената Фани ја однел во автомобилот, но демантира дека ја убил. Нејзината мајка Кетлин дала коса од својата ќерка за ДНК анализа и изјавила дека е “страшно што мора да се докажува дека нејзината ќерка е убиена, но дека е олеснување да се дознае што навистина се случило со Фани по цели пет месеци”.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата