Страотна исповед на бремена жена: Носам бебе што мора да умре!
Бремената Ана А.(35) од Крагуевац, веќе осум дена чека Етичкиот одбор да и одобри прекинување на ризичната бременост.
Таа моментално се наоѓа на Клиниката за гинекологија „Народни фронт“ каде лекарите прават нови анализи. Нејзиниот сопруг објаснува дека се уште не знае кога ќе се направи абортусот.
-На клиника се прават нови анализи и им благодариме на лекарите зошто ја примија како што треба и има одличен третман. Ставував за нејзиниот живот, зошто ни е јасно дека детето е во лоша состојба и реално не може да преживее. Но поради одолговлекувањето таа се најде во опасност. Сега сме помирни, во сигурни раце е. Им веруваме на докторите. Се надевам дека комисијата брзо ќе се состави и дека ќе ја направат интервенцијата која за жал е неопходна, вели сопругот на Ана.
Лекарите на Ана во Крагуевац во 7 месец од бременоста откриле дека детето има вода во стомакот и во белите дробови. Со оглед на тоа што е во поодмината бременост, жената е упатена на Етичкиот одбор во Крагуевац, кој единствено може да одобри прекин на бременоста. Поради болест на двајца членови и тоа што нивните замени се на одмор, продолжи агонијата на Ана.
-Имам дете од година ипол, а при новата бременост редовно одев на контроли. Детето се мрда во стомакот, а знам дека нема да преживее. Моите апели и писма беа залудни, се додека не се обратив во медиумите, вели Ана А, додека чека на неопходната интервенција и враќање на нормалниот живот.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект