Странските туристи во јуни најпристуни во езерските места и во Скопје
Во јуни Македонија ја посетиле вкупно 50.315 странски туристи кои оствариле 110.988 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.
Странските туристи најмногу ги посетувале езерските места и Скопје. Бројот на туристи кои ги посетиле езерските места изнесува 20.098 и Скопје го посетиле 18.797 странски туристи.
Најбројни меѓу странските туристи во јуни се Турците 8.298, следат Србијте со 6.150, Грцијте со 3.294, Бугарите со 3.110, Полјаците со 1.552, Германците со 1.462...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2016 година изнесува 71. 813, а бројот на ноќевањата изнесува 171 861.
Бројот на туристите во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 0,6 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 1,7 отсто.
Бројот на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 1,7 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 0,2 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е намален за 1,9 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1,6 отсто.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,6 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,2 отсто, а кај странските има зголемување за 7,9 отсто.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,5 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,8 отсто, а кај странските има зголемување за 5,4 отсто.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом