Стотици луѓе евакуирани поради шумски пожар во Кастељон во источна Шпанија
Стотици луѓе се евакуирани денеска поради големиот шумски пожар во провинцијата Кастељон во источниот дел на Шпанија.
Пожарот се прошири на околу 1.000 хектари земјиште откако избувна вчера, соопштија властите во автономната заедница Валенсија, која го опфаќа и Кастељон.
Службите за итни случаи во регионот соопштија дека поради пожарот се евакуирани 600 лица во осум општини, вклучително и домот за стари лица во Монтана.
Од изутрината четири хеликоптери и повеќе од 600 пожарникари и војници се ангажирани во гаснењето на пожарот, додека шпанската армија распореди дополнителна поддршка за што поскоро ставање на огнот под контрола.
Државната метеоролошка агенција АЕМЕТ на Твитер објави дека „неповолните временски услови, особено во однос на периодот од годината, придонесуваат за брзо ширење на пожарот“. Температурите беа над 25 степени Целзиусови кога избувна пожарот, а релативната влажност падна под 30 проценти по невообичаено сувата зима во областа.
Ризикот од нови пожари во Кастељон денеска е класифициран како „екстремен“.
Ново на Сител
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава