Свет
9. September 2022 - 20:57

Столтенберг: Војната во Украина влегува во критична фаза

Руската војна во Украина влегува во „критична фаза“ благодарение на контраофанзивата на Киев, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Украинските сили успеаја да ја запрат офанзивата на Москва во Донбас, да нападнат зад руските линии и да ја вратат територијата, рече тој за време на денешната прес-конференција со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

– Само во изминатите неколку дена, видовме дополнителен напредок и на југ во Херсон и на исток во регионот Харков.

Тој рече дека тоа ја покажува „храброста, умешноста и одлучноста на украинските сили. И тоа покажува дека нашата поддршка прави разлика на првите линии секој ден“.

– Западната солидарност не смее да попушти сега, и покрај енергетската криза и зголемените трошоци за живот, смета Столтенберг.

– Но, цената што ја плаќаме се мери во пари, додека цената што ја плаќаат Украинците се мери со животи“, рече Столтенберг. И сите ние ќе платиме многу повисока цена ако Русија и другите авторитарни режими видат дека се наградува нивната агресија.

– Ако Русија престане да се бори, ќе има мир. Ако Украина престане да се бори, таа ќе престане да постои како независна нација. Затоа мораме да продолжиме, рече тој.