Столтенберг: Русија ја загрозува стабилноста во Европа
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја обвини Русија дека „со своето агресивно однесување ја загрозува стабилноста и безбедноста во Европа“.
-Ние по периодот на Студената војна активно соработувавме за да изградиме стратегиско партнерство со Русија, рече Столтенберг на конференција за одбрана и мир во Италија, пренесоа француските медиуми.
-Агресивното руско однесување, меѓутоа, ја наруши стабилноста и безбедноста во Европа, додаде тој.
Столтенберг наведе дека руската „илегална анексија на Крим“ претставува „прв случај по Втората светска војна некоја европска земја со сила да заземе територија на друга земја“.
-Русија продолжува да ја дестабилизира источна Украина. Тоа е конфликт во кој се убиени речиси 10.000 Украинци и тоа во огромна мера го промени безбедносниот контекст, додаде Столтенберг.
Шефот на НАТО, сепак, додаде дека не сака конфронтација со Русија и дека силно верува во дијалогот.
Тој, исто така, кажа дека НАТО ќе испрати двајца набљудувачи на заедничката воена вежба на Русија и Белорусија, наречена „Запад 17“, откако беа поканети од официјален Минск, пренесоа француските меидуми.
Воената вежба „Запад 17“ ќе се оддржи од 14 до 20 септември на територијата на Белорусија, а доаѓа во време на затегнати односи меѓу Русија и САД.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор