Столтенберг предупреди да не се потценуваат Русите по украинското освојување на Херсон
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека и натаму останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за преговорите за ставање крај на руската воена агресија врз земјата, предупредувајќи дека силата на Москва не треба да се потценува и покрај неодамнешните успеси на Киев на фронтот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска го посети јужниот град Херсон, што беше ослободен во досега третото големо руско повлекување од почетокот на војната во февруари.
-Не треба да направиме грешка и да ја потцениме Русија. Руските вооружени сили задржаа значителни капацитети, како и голем број војници, рече Столтенберг за време на заедничката прес-конференција со претставници на холандската влада во Хаг.
„Следните месеци ќе бидат тешки. Целта на Путин е да ја остави Украина оваа зима во студ и мрак. Затоа, мораме да останеме на курсот“, рече тој.
Следејќи ги коментарите на американскиот државен секретар Антони Блинкен, и Столтенберг денеска кажа дека Украина треба да одлучи кога и како сака да преговара со Русија за ставање крај на војната.
-Во моментов тие плаќаат највисока цена во загуба на човечки животи и штета врз земјата. Така што на Украина е да одлучи кои услови се прифатливи за неа, рече генералниот секретар на НАТО.
„Тоа што се случува околу масата е суштински поврзано со ситуацијата на бојното поле“, рече Столтенберг и додаде дека тоа што треба да се направи е да се поддржи Украина и да ја зајакнат за во одреден момент да има преговори.
Ново на Сител
-
Опаѓање на дневните температури претстојната седмица, позначително од среда
-
Припадниците на МВР на Србија ја завршија мисијата за помош на Македонија во гаснењето на шумските пожари
-
Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите
-
Грчки граничар е ранет во пукање во близина на грчко-турската граница
-
Најмалку три лица загинаа, а 87 се ранети во израелскиот напад врз Ходеида
-
ЦУК: Пожарот зад армиското стрелиште Пенуш се движи кон Брегалница
-
Ангелов: Од вкупно 30 пожари вчера, се уште се активни 9 пожари
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на ГП Богородица и Табановце