Свет
21. July 2024 - 13:07

Трамп: Пред говорот во Пенсилванија никој не ми кажа дека има проблем

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави дека пред неговиот говор на митинг во Пенсилванија минатата недела, кога напаѓач го рани во увото, никој не го предупредил дека има проблем.

Тој додаде дека мислел дека е грешка и прашал како некој се качил на тој покрив (од кој пукал напаѓачот) и зошто не бил пријавен, бидејќи луѓето го виделе на покривот.

„Вашингтон пост“ вчера објави дека високи претставници на американската тајна служба постојано, пред атентатот, ги одбивале барањата на обезбедувањето на Трамп да се ангажираат дополнителен персонал и опрема.

Според весникот, Тајната служба, која е одговорна за заштитата на Трамп, ги одбила овие барања, понекогаш наведувајќи го недостигот на ресурси како причина.