-->
-->
Столтенберг повика на истрага за данско-американскиот шпионски скандал
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2021/juni/767676767676-305806.jpg?itok=IROpzOR4)
„Земјите вклучени во случајот се сојузници на НАТО и мора да ги стават сите факти на маса и да откријат што навистина се случило“, рече Столтенберг за данскиот јавен радиодифузер ДР.
Тој додаде дека случајот фрлил „грдо светло на Данска“, но дека довербата во НАТО останува недопрена.
Истражувачки новинари од Данската телевизија ДР, заедно со германските медиуми како НДР, ВДР и Зидојче цајтунг, во неделата открија дека НСА наводно прислушувала телефони на водечки политичари користејќи софтвер создаден од данската воена разузнавачка служба ФЕ. Истражувањето се засноваше на анонимни извори и внатрешна анализа на ФЕ од 2012 и 2014 година.
Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел исто така побараа целосно објаснување од владата во Копенхаген.
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека нема систематски надзор над сојузниците и дека не верува дека се нарушени односите на Данска со Германија и Франција.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека оттогаш САД издале сеопфатен преглед на својот пристап кон надзорот во странство и дека претседателот Барак Обама во тоа време издал претседателска директива со која значително се променил пристапот на САД.
„Ќе продолжиме да соработуваме со нашите европски сојузници и партнери за решавање на сите прашања преку соодветни канали за национална безбедност“, рече Псаки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО