-->
-->
Столтенберг: По завршување на самитот на НАТО ќе уследат разговори со Русија
-->
НАТО планира одржување на формалните разговори со Русија набрзо по завршувањето на самитот во Варшава, на кој Алијансата ќе поддржи воено зајакнување поради немирите во Украина, изјави денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Во април е одржан првиот состанок на Советот НАТО-Русија, првапат од 2014 година кога практично беа замрзнати односите. Разговорите тогаш завршија со несогласување за прашањата за Украина, како и за другите прашања.
- Советот НАТО-Русија има важна улога како форма за дијалог, а може и да ја зголеми предвидливоста. Затоа се работи на тоа да се одржи уште еден состанок со Русија, набрзо по самитот, наведе Столтенберг во Брисел пред одржувањето на дводневниот самит што почнува в петок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.