Столтенберг: НАТО пред самитот ќе одлучи дали ќе се присоедини кон коалицијата против ИД
НАТО пред средбата на врвот во Брисел, на 25 мај ќе одлучи дали ќе се приклучи кон воената коалицијата што војува против терористичката организација Исламска држава, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, јави ДПА.
Тој наведе и дека на самитот на НАТО ќе се разгледаат и распределбата на расходите и борбата со тероризмот.
- Распределбата на расходите не е поврзана само со пари, тоа е придонес кон способностите на Алијансата, кон мисиите и операциите, нагласи Столтенберг, дополнувајќи дека Германија има клучен придонес во тој аспект.
Тој напомена дека Германија го зголемила буџетот за одбраната и посочи дека Алијансата го поздравува тоа.
На истата прес-конференција со Столтенберг, Меркел изјави дека Германија ќе продолжи да ја предводи мисијата за обука на НАТО во северен Авганистан.
Таа дополни дека Германија не се стреми да го зголеми присуството во таа земја.
- Не мислам дека ние први ќе го прошириме капацитетот таму. Уште поважно е да се увериме дека стабилноста е загарантирана во северниот дел на Авганистан, нагласи Меркел.
Таа потенцираше дека ако НАТО одлучи да се вклучи во коалцијата против ИД, Германија не планира да го рашири своето учество во операцијата.
- Дури и да биде донесена таква одлука, тоа нема да значи дека воените акотивности кои сега ги остварува Германија, ќе бидат зголемени, објасни Меркел.
Таа дополни дека ситуацијата со безбедноста се променила и тероризмот се претворил во секојдневна закана, што постојано ја следи Европа.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија