Столтенберг: Членките на НАТО сами одлучуваат каква опрема да купуваат
Земјите-членки на НАТО сами одлучуваат каква опрема да купуваат, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во врска со договорот на Турција со Москва за набавка на руски ракетни одбранбени системи С-400.
- Каква опрема ќе набават сојузниците зависи од нив самите. Тоа е национална одлука на Турција, изјави Столтенберг.
Тој додаде дека за НАТО е важно различните системи да се компатибилни.
- Не е доставено никакво барање за интеграцијата на С-400 во системот за воздушна одбрана на НАТО. Поради оваа причина прашањето се уште не е ставено на маса, додаде генералниот секретар на НАТО.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот изјави дека Анкара веќе уплатила депозит за купување на руските ракетни одбранбени системи С-400.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива