Кошарка
1. July 2016 - 11:15

Стојановски „прескап“ за Андора Морабанк

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски, повеќе не е играч на Морабанк Андора, откако клубот поради финансиски причини решил да го раскине договорот.
 
„Економскиот аспект од договорот на Стојановски беше превисок и тој можеше да влијае врз продуктивноста на остатокот од тимот“, рекол генералниот менаџер на клубот, Франсес Солана. 
 
Стојановски (29), оваа сезона, во просек по натпревар има учинок од 12,2 поени, 2,4 скока и 2,2 асистенции.