Стојаноски: Ние не поддржуваме уставни промени
„Досадни се и неинвентивни одамна. Тезите им се како владеењето, слаби, потпросечни, со дупки. Но затоа пак истовремено се и арогантни исто како и лоповлукот што го демонстрираат“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Доста јавноста ја замајуваат со истите финти од типот дали Алијанса влегува во владата и сега кој има пратеници за уставни измени. Во меѓувреме умира 6 годишно девојче а тие заташкуваат истрага кој е виновен, Стејт Департмент ги прогласи за корумпирани, крах се случува во секоја сфера. Мафијашки пресметки како див запад станавме, рече Стојаноски.
Тој потенцира дека нема 1 задоволен во земјава од власта, како и дека има невидена скапотија, инфлација, а дека власта мисли дека ќе дефокусира од реалните проблеми на граѓаните и дека ќе замајува со тоа дали пратеници од овде или онде ќе гласале за промена на Уставот.
- Еве да ја затвориме темата нека стават на гласање и во еден ден ќе се види се, кој има пратеници и колку пратеници поддржуваат одредена идеја. На народот му е преку глава од вакви нивни превирања и надмудрувања и затоа сметам дека е потребна работа и решавање на проблеми а не измислување и замајување јавност, изјави Стојаноски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток