Македонија
4. јуни 2017 - 21:19

Стоилов: Горд сум што сум капитен на овој тим се надевам ја израдувавме цела Македонија!

 
Горд сум што сум капитен на овој тим, првпат македонскиот машки ракомет освојува ваков медал. Горд сум, момците покажаа карактер, покажаа муда до колена. Ова е не можам, не знам како да ви објаснам, изјави капитенот на Вардар и македонски репрезентативц Стојанче Стоилов по мечот.
 
-Знаевме дека ќе биде исто како во полугиналето, Барселона и Париз се екипи со сита сила. Знаевме што треба да правиме, се боревме цел натпревар, одбраната пресуди и голманот. Горд сум на клубот и се надевам дека ја израдувавме цела Македонија, рече Стоилов.