Стоилковски: Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија?
Почитувани,
Очекувано, наместо итна акција на ЈО и институциите за скандалот Лотарија, тие си ја префрлаат топката меѓу себе, оставајќи простор за забошотување, влијанија и сокривање на криминалот и корупцијата.
Да потсетам накусо, Перпарим Бајрами, директорот на Лотарија, за 2.6 милиони евра изнајмува простор од фирма каде удел има и Шабан Азмовски Хамза, член на УО на Лотарија, а двајцата се дојдени од министерството на Артан Груби!
Чист случај на корупција, чист предмет за ЈО!
Но, ЈО како одговор до „Слободна Европа“, меѓународен американски медиум којшто работи и пишува серијал на овој случај, вели, цитирам: Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет!?
Почитувани,
Ова потврдува дека ЈО молчи и бега од темата и е во функција да не падне владата!
Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија? Што го спречува ЈО за организиран криминал? Зошто ЈО да чека?
Но, дали зад чекањето и префрлувањето топката се фотографиите на Ислам Абази со ДУИ, или изборот на Јовески за уставен судија?
Или можеби фактот дека зад фирмата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати тендер од 2.6 милиони евра, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас?
Почитувани,
Ужасни се низите криминалии и корупција поврзани со ДУИ, Артан Груби, Ахмети, кланот од Зајас, а институциите не смеат да писнат!
Злоупотребата на службата се прави и со постапка и со непостапување по опис на службата, и за тоа ќе има одговорност по смена на власта.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
-
Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп
-
Барселона против Звезда постави рекорд стар 74 години
-
Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени
-
Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните
-
Шолц по распадот на владината коалиција: Бундестагот на 15 јануари ќе гласа за доверба на владата
-
Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Калифорнија поради пожар кој брзо се шири
-
Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026