Стоилковиќ: Во Министерството на Груби, од 294 вработени само 5 се Македонци
Принципот на правична застапеност воопшто не важел во Министерството за политички систем, што доскоро беше предводено од Артан Груби, тврди новиот министер Иван Стоилковиќ, ги покажува списоците на кои се гледа дека иако над 90% од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.
– Од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.
Тој најави и посебна ревизија на сите кои биле вработени првично преку ова министерство, а потоа биле распределувани по останатите институции.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија