Стив Бенон поднесе оставка од информативниот портал „Брајтбарт“
Поранешниот главен стратег на Белата куќа Стив Бенон поднесе оставка од функцијата претседавач со десничарскиот сајт за вести Брајтбарт њуз.
- Стив е вреден дел од нас и секогаш ќе му бидеме благодарни за неговите придонеси и за она што ни помогна да го постигнеме, изјави претседателот на Брајтбарт, Лери Солов.
Бенон поднесе оставка по судирот со претседателот на САД Доналд Трамп во врска со контроверзната книга „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, во која изнезе погрдни коментари за синот на Трамп, Доналд помладиот и за зетот Џаред Кушнер. По таквите тврдења, Трамп оцени дека Бенон го изгубил разумот.
Американските медиуми оценуваат дека после таквиот судир со Трамп, кој подоцна се извинуваше, Бенон го изгубил својот кредибилитет за да може да продолжи да работи за влијателниот десничарски портал.
Во меѓувреме и радио-компанијата Сириус ИксЕм (SiriusXM) соопшти дека Бенон ќе го загуби и местото водител, односно ќе му биде укината емисијата.
„Брајтберт њуз одлучи да ја прекине соработката со Стивен Бенон. Поради тоа, тој повеќе нема да биде домаќин на Сириус ИксЕм, со оглед на тоа што нашиот програмски договор е со Брајтберт њуз“, наведе компанијата на својата интернет страница.
Бенон е поранешен маринец, кој подоцна станал милионер преку инвестиции во банката Голдман Сакс и работел како филмски продуцент. Од 2012. до 2016 го водеше порталот „Брајтбарт њуз нетворк". Претходно Бенон изјави дека „Брајтбарт“ е „платформа на алтернативно право", тоа се луѓето кои се „против глобализација, ултранационалисти и против естаблишментот".
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка