Стевче Јакимовски добил закани дека ќе биде убиен
Стевче Јакимовски сегашниот градоначалник на Општина Карпош добил закани дека ќе биде убиен. Овие информации ги соопшти утрово Јавното обвинителство додавајќи дека е поведена постапка за 60 годишен скопјанец.
„На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму“, велат од Јавното обвинителство.
Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација.
„Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството“, додаваат од Обвинителството.
Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот собор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство