Стевананџија: Димова ја злоупотреби пратеничката функција
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најостро го осуди однесувањето на пратеничката Лидија Димова од СДСМ која, како што наведоа на прес-конференцијата, вчера била дел од протестите на „Шарената револуција“ и ја напаѓале македонската полиција.
- Како пратеници најостро го осудуваме вчерашното скандалозно, дрско и недолично однесување на пратеничката од редовите на СДСМ Лидија Димова, која вчера беше дел од насилните протести на кои активисти од таканаречената „Шарена револуција“, но и актуелни функционери на СДСМ ја напаѓаа и навредуваа македонската полиција која ги извршуваше своите редовни работни задачи, рече пратеникот Димитар Стевананџија.
Според него, Димова вчера „со своето срамно и арогантно однесување најотворено, без нималку срам и одговорност ја злоупотреби својата пратеничка функција и имунитет одбивајќи да постапи по полициските наредби“.
- Пратеничката од СДСМ Лидија Димова вчерашното непочитување и злоупотребување на пратеничката функција и имунитет го демонстрираше токму во моментите кога таа и сите останати пратеници од СДСМ не доаѓаат на работа, а земаат плата од џебот на граѓаните. Ваквото срамно однесување на СДСМ конечно мора да престане. Пратениците од СДСМ мора да престанат да мислат дека тие се избрани од Господ, а не од граѓаните. Крајно време е СДСМ да престане да се однесува како буржоаска класа на која што никој и ништо не и може, рече Стевананџија.
Пратеничкиот имунитет како неа, така и нас, рече пратеникот, „не не штити од сторени прекршоци во сообраќајот, за кои токму вчера полицијата ја предупреди Димова, ниту ја штити од сторените повреди на одредбите од Законот за јавен ред и мир“.
- Иако Димова била свесна за сторените прекршоци и повреди на законите, тоа не ја ослободува од правната одговорност како граѓанин, но и од моралната одговорност која што ја носи како пратеник во Собранието на Република Македонија, рече Стевананџија.
Ја повика Димова, но и сите останати пратеници од СДСМ, наместо, како што кажа, „парите кои што ги земаат од граѓаните да ги користат за нивните партиски деструктивни сценарија низ улиците Скопје, конечно да дојдат на работа, да ги заработат своите плати и да работат во интерес на граѓаните кои што ги избрале, а не во интерес на двоецот Заев - Шекеринска“.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица