Фудбал
28. August 2024 - 9:33

Стерлинг се сели од Челси во Јунајтед

Фудбалерот на Челси, Рахим Стерлинг е на прагот да се пресели во Манчестер Јунајтед, како дел од трансферот на Џејдон Санчо во Лондон, пренесуваат англиските медиуми.

Како што е наведено, неодамнешниот репрезентативец на Англија, кој не е во плановите на менаџерот на Челси, Енцо Мареска, ќе стане првиот фудбалер во историјата кој играл за Ливерпул, Сити, Челси и Јунајтед.

Стерлинг има 29 години, за Англија одигра 82 натпревари и постигна 20 гола.