Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот
Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник-државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на Договорот од Преспа.
Во изјава за МИА портпарол на Стејт департментот посочи дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане членка на НАТО како Северна Македонија.
- Тоа ќе го олесни отварањето на преговорите за членство во ЕУ, од што корист ќе имаат двете земји а тоа е зацврсување на регионалната безбедност и поттикнување на развојот, се вели во соопштението до МИА.
Понатаму, од Стејт департментот уште еднаш повторија дека го поздравуваат историскиот Договор од Преспа и високо ја оценуваат покажаната визија, храброст и истрајност на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Во Скопје денеска доаѓа помешникот државен секретар за Европа и Евроазија, додека за викендот закажана е посета и на државниот секретар за одбрана Џејмс Матис. Двајцата високи американски гости доаѓаат за да изразат јасна поддршка за претстојниот референдум и за стапувањето на Македонија во НАТО.
Од Скопје, Мичел заминува во посета на Атина, а пред да допатува во Македонија беше во посета на Тбилиси, Грузија.
Ново на Сител
-
Двојни аршини за Балансерот
-
По заминувањето на Тачи, Села тврди дека фронтот на ДУИ е стабилен
-
Ќе ги спречи ли државата големите маркети да го изиграат Законот за нефер трговски практики
-
Советот на Европа со нова критика до Бугарија – Нема свест за правата на малцинствата
-
Владата, синдикатите и работодавачите седнаа на заедничка маса
-
Познати компании го изигрувале Законот за поврат на ДДВ
-
Стручното образование ќе се крои по теркот на потребите на бизнисот
-
До понеделник ќе се знае дали има лекарски пропусти кај починатата родилка во Куманово и бебето на Детска