Стејт департмент: Ја цениме можноста да се продолжи со работа со идната влада на Србија
Стејт департментот ги коментираше предвремените избори во Србија на кои според прелиминарните резултати убедлива победа извојува Српската народна пртија на претседателот Александар Вучиќ.
- САД ја ценат можноста да продолжат да работат со идната влада на Србија да се засили демократското владеење и владеењето на правото, да се изврши напредок во регионалната стабилност и да се продолжи со економскиот развој, како и да се забрза прогресот на Србија кон интеграција во ЕУ, изјави синоќа на брифингот Метју Милер, портпарол на Стејт департменотот.
На новинарско прашање дали САД ги земаат предвид поплаките од српската опозиција за неправилности во изборниот процес, Милер укажа дека САД ги разгледуваат прелиминарните наоди и заклучоци на ОБСЕ во врска со тоа.
- ОБСЕ ги објави првичните наоди и заклучоци, тоа не се конечните наоди, и нив ги разгледуваме. Не би коментирал додека трае нивниот преглед, рече Милер.
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ: Категорично против етнички поделби во науката
-
100 дена Министерство за правда
-
Бислимовски: Цената на парното ќе остане стабилна
-
Романците се трети најбројни туристи во земјава
-
Наставници од СОУ „Ванчо Прќе“ во Виница ја бојкотираат наставата
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија е далеку од гасификација: Преносната мрежа не е готова, дистрибутивната не е ниту почната