Македонија
16. October 2024 - 12:24

Романците се трети најбројни туристи во земјава

Романците се трети најбројни туристи во земјава ,пред нив се Турците и Србите .Според податоците на државниот завод за статистика во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %. 

Интересно е тоа што во август за прв пат бројот на туристи од Романија се искачи на 5.996,. Повеќе од 4.000 туристи имало и од  Холандија но и од Полска и Германија.

Најпосетени од странските туристи биле езерата и Скопје.

Бројот на туристите во август 2024 година е зголемен за 7,2 % во однос на август лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според овие податоци од вкупниот број туристи 48,6 % се домашни, а 51,4 % се странски туристи.