Стефковски: Во Гази Баба се отвара дневен центар за лица со попреченост
Почитувани претставници на медиумите, денес е значаен ден за општина Гази Баба, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и директорот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, Јане Мицевски направивме увид и отварање на објект кој што ќе биде наменет за лица со телесна и интелектуална попреченост.
Дневниот центар ќе овозможи поголема инклузивност на лицата со попреченост, а ќе обезбеди нивно секојдневно сместување, реедукација и рехабилитација.
Овој проект чини 16 милиони денари, од кои што 10 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Гази Баба, а 6 милиони денари се обезбедени преку Скопскиот плански регион.
Гази Баба сериозно се развива, реализираме голем број на проекти со кои што ќе ги подобриме условите за живот за сите категории на граѓани, вклучувајќи ги и лицата со попреченост.
Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Сончево и топло со температури до 39 степени
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре