Стефковски: Гази Баба со финансиска поддршка за млади програмери
Општина Гази Баба објави јавен повик за финансиска поддршка на млади програмери од територија на општината.
Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека предмет на јавниот повик е финансиска поддршка за ИТ обука до 60.000 денари на млади програмери до 29 години со живеалиште на територија во Општина Гази Баба, согласно со утврдените критериуми во правилникот.
-Цели на јавниот повик за финансирање е финансиска поддршка за обука, усовршување или доедукација на млади програмери не постари од 29 години со живеалиште на територија на општина Гази Баба, во некоја од напредните ИТ области во меѓународно сертифицираните едукативни тренинг центри за ИТ во Република Македонија. Поттикнување на младите програмери слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Да се мотивираат младите програмери кои тукушто дипломирале да размислуваат иновативно менувајќи ја нашата локална заедница во различни сегменти на нејзиното функционирање, напиша Стефковски на Фејсбук.
Тој ги охрабрува младите програмери со доедукација во некоја специфична област да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на изнаоѓање на иновативни решенија за потребите на локалната заедница.
-Ги поттикнувам младите програмери да се пријават на јавниот повик. Со потребните услови може да се запознаете на следниот линк: http://gazibaba.gov.mk/mk/
Ново на Сител
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност