Стефановиќ: Против Вучиќ беше извршен обид за атентат
Врз српскиот премиер Александар Вучиќ беше извршен обид за атентат во Поточари, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Тој посочи дека дел од одговорноста за инцидентот е на силите за безбедност на Босна и Херцеговина.
- Тоа беше скандалозен напад и во него гледам обид за убиство, рече Стефановиќ.
- Босна не успеа да создаде дури ни минимални услови за безбедноста на премиерот, додаде тој.
Претходно српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ најостро го осуди нападот врз Вучиќ во Поточари и изјави дека тој напад не е само напад врз српскиот премиер, туку и против цела Србија и нејзината политика на мир и регионална соработка.
Дачиќ истакна дека Вучиќ се покажал како државник, донесувајќи одлука да се поклони пред жртвите во Сребреница.
- Тоа е уште една негативна последица од политизирањето на таа тема, која доведе до нови поделби и омраза наместо до помирување, рече Дачиќ.
Генералниот секретар на Советот на Европа Торнбјорн Јагланд го осуди денеска нападот на премиерот за време на комеморацијата, по повод 20 години од масакрот во Сребреница, а кон осудата се придружија и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и европратеничката Тања Фајон.
Според претседателот на Република Српска Милорад Додик нападот врз Вучиќ е напад врз српскиот народ и неговата добра волја за помирување меѓу народите.
Ново на Сител
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп