-->
-->
Ставрески: 83 милиони евра од Светска банка за патот Ранковце-Крива Паланка
-->
Светска банка го одобри кредитот од 83 милиони евра за изградба на патот од Ранковце до Крива Паланка. Тендерот треба да биде објавен наскоро и напролет да почнат градежните работи.
Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на општина Росоман, истакнувајќи дека тоа е добра вест за жителите на Крива Паланка, Ранковце и цела североисточна Македонија.
- Ќе се изгради во еден дел нов експресен пат, а на еден дел ќе се направи реконструкција со што патот ќе биде безбеден за сообраќај и полесен за возачите, изјави вицепремиерот Ставрески.
Патот е во должина од 26,5 километри и ќе има по две ленти од двете страни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ