Ставен во функција Блок 2 на РЕК Битола
АД Електрани на Северна Македонија информираат дека во РЕК Битола во функција е ставен Блок 2 на РЕК Битола, а за работа е подготвен и Блок 1 кој ќе биде ставен во погон согласно потребите на потрошувачите на електрична енергија во земјава и анализите на пазарот на електрична енергија.
Во соопштение до јавноста, АД ЕСМ посочуваат дека во овој период потребите од електрична енергија за потрошувачите се изполнуваат од свои производствени капацитети и преку набавка на електрична енергија, по поволни цени кои и овозможуваат на компанијата намалување на трошоците на работа.
АД ЕСМ и во иднина ќе ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за потрошувачи врз основа на анализите што секојдневно се прават за расположливоста на сопствените производствени капацитети, побарувачката на струја, како и околностите на пазарот со електрична енергија, информираа од АД ЕСМ.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари