Македонија
3. April 2024 - 16:34

Стартува кампања - СДСМ во Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

И да не следите политика, затворената улица пред Владата ќе ве потсети дека утре почнува предизборната кампања за претседателските избори

Големите партии кои стојат зад претседателските кандидати ќе имаат големи митинзи, помалите средби со граѓани и отворање на изборни штабови.
ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска утре почнуваат со митинг пред Владата. Од партијата најавуваат позитивна кампања и нови начини на комуникација со граѓаните

И СДСМ со Пендаровски за утре закажа голем митинг во Прилеп. Каква кампања планираат да водат од партијата утрово не одговорија на нашето прашање.
Од помалите партии, само Максим Димитриевски со ЗНАМ за утре точно напладне има закажано мини митинг во Крушево.

Левица ќе почнат со отворање на партиски штаб, а кампањата на Стевчо Јакимовски вечерва ќе одлучи на каде ќе стартува со промотивните предизборни активности. Во албанскиот политички блок Таравари најави дека ќе се воздржи од покрупни активности додека трае рамазанскиот пост и ќе се фокусира на средби со граѓаните а ДУИ се уште го комплетира плановите.
Комуниколозите не очекуваат некоја кампања која многу ќе се разликува од она што веќе го имаме видено

Кампањата за претседателските избори која почнува утре на 18 април ќе се спои со онаа за парламентарните. Изборниот молк на 23 и24 за прв пат во историјата нема да важи и за парламентарните избори.