Стапи во сила забраната за пушење во автомобил во Англија и Велс
Законот со кој се забранува пушење во автомобил, од денеска стапи во сила на територијата на Англија и Велс.
Противзаконски е возачите и патниците да пушат во возилото, доколку во него се превезуваат и деца.
За прекршителоте на оваа законска одредба е предвидена казна од 50 фунти, но полицијата соопшти дека на почетокот од приманата на новиот закон, нема ригорозно да се применуваат неговите одредби.
Со забраната се опфатени пушачи помлади од 18 години и таа се однесува и кога прозорците на автомобилот, или покривот, се отворени.
Нема забрана за користење на т.н. електронски цигари.
Во Шкотска, ваквиот закон се предвидува да се воведе во текот на идната година, а Северна Ирска соопшти дека, засега, ќе ги испитува искуствата од неговата примена во Англија и Велс, пред да се определи за својата одлука околу пушењето во автомобил.
Според податоците на британската Фондација за бели дробови, секоја недела, на опасниот чад од цигарите и пушењето во автомобил се изложени повеќе од 430 илјади деца.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот