-->
-->
Стано за евентуална кандидатура на Косово: ЕУ прима само признати држави
-->
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, денеска посочи дека во случајот на Косово, не се исполнети сите потребни услови за евентуалното барање за кандидатура на Приштина во ЕУ да биде „сериозно разгледано“ во Брисел.
– Секој може да направи што сака, но реално, кандидатура се поднесува и сериозно се разгледува само доколку исполнувате одредени критериуми, а еден од нив е дека сте признати како држава од сите земји-членки. Без тоа, не можете да започнете вистински процес, рече Стано.
Неговото појаснување е одговор на прашањето на албанските новинари за тоа дали неговата изјава и неможноста на кандидатурата на Косово за членство во ЕУ е од политичка или правна природа.
– Тоа е животен факт: ЕУ прифаќа само признати држави како членки, заклучи Стано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорческа против Тихонова во 2. коло на ИТФ турнир во Грузија
-
Мисајловски: Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана
-
Првомајска честитка од СПМ
-
САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред