Станал милионер собирајќи голф топчиња
Американецот Глен Бербер доби големо богатство „ловејќи“ голф топчиња. Кога останал без работа пред 14 години, Американецот Глен Бергер се сетил на генијална идеја, која му овозможила да стане милионер.
Тој почнал да ги собира топчињата за голф, кои завршувале во езерото близу неговата куќа на Флорида, по несреќните удари на голферите.
Подоцна ја проширил својата активност на целата територија на оваа американска држава. Според сопствени проценки, годишно собира меѓу 1,3 и 1,7 милиони топчиња, или дневно околу 4.000. Потоа тој ги чисти, па ги продава за еден долар парче.
На овој начин од 2001 година успеал да заработи 15 милиони долари. При тоа не смее да се занемари ниту еколошкиот аспект од неговата работа.
- Пронаоѓав парчиња мебел, колички за голф, косилки, но се сретнав и со безброј алигатори, раскажа за телевизијата Катерс овој необичен милионер.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд