Стаменковска Стојкоски: Административците не добија покачување на платата од пет отсто
Денес сме 2 октомври, а административците не ги земаа 5% покачување на платата. Впрочем и во многу институции не се исплати ни редовната непокачена плата. Владее целосен хаос.
Иако на седницата на Владата на РМ уште на 08.01.2019 година беше донесена Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на плата на државните службеници, деновиве, девет месеци подоцна, во „5 до 12” министерката за финансии телефонски ги известувала раководителите во институциите дека платата која е веќе во процедура за да се исплати ќе биде стопирана.
Ќе преземе ли одговорност министерката за труд и социјала за несовесното работење и за тоа што цели девет месеци и беше поважно се друго освен егзистенцијата на администрацијата.
Во редовна собраниска процедура беше пуштен предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија поднесен од страна на министерката за труд и социјална политика беше закажан да се разгледува на комисија на 7 октомври.
По реакциите за хаосот што го предизвикаа, вчера попладне добивме известување за влегување на истиот закон во собраниска процедура но сега потпишан од група пратеници, во скратена постапка.
До кога непромисленото работење на министрите ќе се покрива преку пратениците во македонското собрание?
Без оглед на се, па дури и во наредната недела да се донесе законската измена, со што ќе се реализира најавеното зголемување, ова е некоректен однос на државата кон вработените и за ова бараме некој од надлежните да сноси одговорност.
Правата на вработените и обезбедувањето на подобра егзистенција било и ќе остане приоритет на ВМРО ДПМНЕ. Без разлика на некоректниот однос на власта, ВМРО ДПМНЕ ќе учествува конструктивно во предлог измените и ќе побара покачувањето на платите наместо 5 да изнесува 10%.
Наместо владата на Заев да се расфрла со пари за патувања и прошетки на функционерите или за плаќање на десетици советници, мора да најде средства за соодветно да ги покачи платите на административците.
Ново на Сител
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи