ССМ: Седум слободни денови за работниците од поплавените подрачја
Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија потпишале спогодба за измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството со која во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена.
Со Спогодбата е дадена и можност бројот на слободни денови дополнително да се зголеми во случај на прогласување вонредна или кризна состојба поради елементарни или друг вид непогоди.
Ваквата измена на Општиот колективен договор, како што појаснува Синдикатот, е направена имајќи ги предвид последиците од елементарната непогода која ја погоди Македонија во саботата.
- Со ваквите измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, ССМ и ОРМ, како најрепрезентативни социјални партнери од приватниот сектор, изразија подготвеност да помогнат во справување со последиците од елементарните непогоди, се наведува во соопштението од ССМ.
За спроведување и контрола на примената на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството директно ќе се вклучи и ќе биде надлежен Државниот инспекторат за труд.
Ново на Сител
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, температурата до 36 степени
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44