ССМ изработи Предлог - протокол за социјален напредок
Сојузот на синдикати на Македонија денеска на седница на Претседателството го утврди текстот на Предлог протоколот за социјален напредок во Македонија кој е во насока на унапредување на социјалниот дијалог и подобрување на работничките права.
Предлог - протоколот, како што информира ССМ, ќе се фокусира особено на прашањето за натамошено зголемување на минималната плата, како и на решенија со кои, работниот однос на неопределено време, посебно во индустриските зони, да не може да биде помал од 30 проценти од бројот на вработени. Се предвидува и потреба од намалување на периодот за вработување на определено време од пет на три, односно две години. Протоколот предвидува и дополнителни бенефити за обезбедување на поголема материјална сигурност на работниците за време на невработеност.
- Предлог Протоколот за социјален напредок во РМ ќе се фокусира и на отворање на процес за формирање на заеднички фонд за унапредување на социјалниот дијалог, изготвување, потпишување, измени на колективниот договор и едукација за колективното преговарање, со тоа што средствата за организирање и работење на фондот ќе се обезбедуваат од сите работодавачи и работници за кои се применува КД, наведува ССМ.
Оттаму посочуваат дека со овој документ се предвидуваат и активности на социјалните партнери во насока на дополнување на регулативата за обезбедување на можности за бенифициран стаж за оние категории на работници на кои тоа и е неопходно.
По усвојувањето на документот од највисоките органи на ССМ, тој ќе биде доставен до сите синдикални ограноци со цел тие да се приклучат кон остварувањето на суштината и целите од Протоколот.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект